(ВИДЕО) Ламановски: Легитимирани се 12 лица, превземени се сите мерки за расчистување на случајот

Од:

Помошникот министер за односи со јавност, Јордан Ламановски, информираше дека вчера на денот на протестите се извршени три кривични дела „насилство“ каде биле повредени вкупно пет лица.

– Во врска со нападот врз новинарската екипа на А1он, на место на настанот легитимирани се 12 лица со кои дополнително се обавуваат разговори. Од СВР Скопје се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителите, утврдување на мотивот за нападот, како и целосно расчистување на случајот, изјави Ламановски

Тој истакна дека се формирани работни групи кои работат на целосно расчистување на случајот како и дека се зголемува бројот на луѓето кои се повикани на информативен разговор со цел да помогнат во расветлување на случајот.

Покрај лицата кои се повикани на разговор, секторот за внатрешни работи ќе ги земе во предвид и снимките од камерите кои се во близина на местото каде биле нападнати новинарите.

– Секторот за внатрешни работи ќе ги превземе сите мерки за расчистување односно откривање на двете Н.Н. лица кои им нанеле повреди на новинарите, вели Ламановски.

Исто така се преземаат и мерки за пронаоѓање на напаѓачите и извршителите на кривичните дела „насилство“ во врска со другите два случаи во каде има повредени и во кои се инволвирани и малолетни лица.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба