Кларк повеќе не е дел од МЗТ Скопје

Од:

Британскиот кошаркарски интернационалец Даниел Кларк повеќе не е дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше официјализиран спогодбениот раскин на договорот помеѓу играчот и клубот од Јане Сандански.

Репрезентативецот на Велика Британија во МЗТ дојде кон крајот на октомври минатата година како замена за Џеремаја Мејси и во „сино-белиот“ дрес одигра 15 средби во АБА-лигата со просек 8,5 поени и 4,2 скока како и еден меч во Купот на Македонија, во полуфиналната елиминација од Фени Индустри.

– Кларк веќе се поздрави со досегашните клупски колеги и во текот на денешниот ден ќе замине во родниот Лондон. Управата на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на Британецот за прикажаното и му посакува се најдобро во понатамошната кариера, информираат од таборот на македонскиот шампион.

МЗТ Скопје Аеродром на две кола пред крајот на АБА лигата се уште е под закана за испаѓање, не успеа да го одбрани трофејот во националниот куп и сега му останува да ја брани шампионската титула која ја освојува последните пет сезони.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он