Кока-кола колач

Од:

Потребно е:
за бисквитното тесто:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

за првиот крем:
250 гр путер
200 гр шеќер во прав
200 гр мелени бисквити
200 гр мелени ореви
300 мл кока-кола
рум арома

за вториот крем:
600 мл слатка павлака
3 лажици шеќер во прав
1 лажица фикс за шлаг

Подготовка:
– Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете ги брашното и прашокот за пециво. Повторно изматете да добиете хомогена смеса.

– Кружна тава со дијаметар од 24 см на дното прекријте ја со хартија за печење, а од околу премачкајте ја со маргарин.

– Сипете ја смесата, израмнете ја и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.

– За тоа врме подгответе ги кремовите.

– За првиот крем изматете ги путерот кој е на собна температура со шеќерот во прав. Потоа додадете ги преостанатите состојки. Матете додека да добиете хомоген крем.

– За вториот крем изматете ги слатката павлака и фиксот за шлаг. Додадете го шеќерот во прав и убаво изматете.

– На изладеното бисквитно тесто прво нанесете го првиот крем, а потоа над него и вториот крем.

– Ишарајте ја површината со чешел за колачи.

– Украсете по желба, на пример со малку растопено чоколадо и ореви.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска