(ВИДЕО) Нухиу: МВР ќе ги употреби сите капацитети за целосно расчистување на нападот врз новинарите на А1он

Од:

Во мое име и во име на МВР сакам да ги осудам последните настани и да ве уверам дека Министерството ќе ги употреби сите капацитети за целосно да ги расчисти овие случаи. Ќе бидат санкционирани сите обиди за нарушување за јавниот ред и мир, изјави на денешната прес конференција Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

– Апелираме до сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од секаков вид на насилство и нарушување на правниот поредок и уставните вредности. Граѓаните имаат право да протестираат, на демократски начин, да се собираат на јавни места и да ги изразат своите ставови, но Законот за јавниот ред и мир мора да се почитува. Сите свои ставови и мислења да ги изразат без нарушување на правните суштински вредности, вели Нухиу.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец