(ВИДЕО) Жерновски: Доколку има фалсификат, опозицијата нема да им даде легитимитет на изборите

Од:

„Ако имаме власт што не сака фер и демократски избори, ако на нивните партиски состаноци се зборува дека на денот на изборите ќе биде употребен и фалсификат, иако треба да бидеме начисто дека притисоците не се прават само на денот на гласање, туку во целиот период, тогаш не гледам зошто опозицијата би им дала легитимитет на таквите избори“, рече во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на ЛДП и кандидат за градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски.

Во избирачкиот список, вели Жерновски, има луѓе коишто не поседуваат валидни биометриски документи.

„Ако имаме власт што не сака фер и демократски избори, ако на нивните партиски состаноци се зборува дека на денот на изборите ќе биде употребен и фалсификат, иако треба да бидеме начисто дека притисоците не се прават само на денот на гласање, туку во целиот период, тогаш не гледам зошто опозицијата би им дала легитимитет на таквите избори“, вели Жерновски.

„Не сакам да имам премиер, сега зборувам како граѓанин, кој што бега, којшто ја остава државата на цедило, којшто 14 дена го нема никаде, не може ни став од таму да даде, а има медиуми каде што може да го даде својот став, туку одлучува дека најдобро ќе биде да побегне од државата. Да завршам со тоа дека моето чувство е дека на почетокот граѓаните му беа лути на премиерот што си замина, а сега мислам дека му се лути што се врати“, вели Жерносвки во интервјуто.

Нова алтернатива за погрешните политики , според Жерновски е нова власт. Не гледа дека оваа власт може да донесе поинаков концепт. Ниту внатре во партијата, ниту внатре во владата веќе не веруваат во оваа економска политика.

„Јас сум градежен инженер, потекнувам од семејство на градежни инженери и во мојот вокабулар не постои зборот рушење туку зборот градење. Немам намери да го рушам тоа што е направено, но имам јасна намера да ги прашам граѓаните дали сакаат и дали едноставно имаат намера да се изврши дислокација на одредени споменици бидејќи да го тргнеме настрана невкусот, да го тргнеме настрана преклопувањето нелогично на разни моменти на македонската историја на еден мал простор, овие споменици сметаат и во физичкото движење, не може слободно да тече движењето во просторот“.ова е ставот на Жерновски за проектото Скопје 2014.

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен