Дербито од 15-коло и дербито на Манчестер им припадна на „црвените ѓаволи“ благодарение на голот на Робин Ван Перси во судиското надополнение.
Иако во првиот дел Јунајтед имаше предност од 2:0 со головите на Вејн Руни (16 и 29), сепак актуелниот шампион Манчестер Сити се врати во игра па со головите на Јаја Туре (60) и Пабло Забалета (86) стигна до израмнување.
Сепак во ван Перси со прекрасен гол од слободен удар во четвртата минута од судиското надополнение и донесе победа на екипат на Манчестер Јунајтед од 3:2.
Со новите бодови, вкупно 39, водечкиот Манчестер Јунајтед сега има шест бодови повеќе во однос на градскиот ривал и второ пласиран на табелата Манчестер Сити.