Рочиштето против 30-годишниот Бобан Илиќ од Куманово, кој е осомничен за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу, денеска беше одложено бидејќи вештаците од Клиниката за психијатрија поради обврски не можеле да присуствуваат на судењето, соопшти Основниот суд од Куманово.
Обвинетиот Илиќ на првото рочиште рече дека не се чувствува виновен. На минатото рочиште сведочеше мајката на детето, но и братот на обвинетиот и неговата девојка. На првото рочиште беше разгледана и видео снимка од камерата на една од куќите лоцирана во близина на Здравствениот дом.
Осомничениот се товари дека на 25 јуни го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на Здравствениот дом во Куманово по инцидентот што се случи на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“. Станува збор за таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу.
Следното рочиште е закажано за 24 март годинава.