Стартува четвртфиналната фаза во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Со натпреварот кој ќе се игра попладнево во Кубан, а во кој Локомотив го пречекува тимот на Зенит Станкт Петербург, ќе започне четврфиналната рунда во второто по квалитет европско кошаркарско натпреварување Еврокупот.

Денеска на програмата се и другите три натпревари.

Во ерусалим кај Хапоел гостува шпанската Гранд Канарија тим за кој настапуваат поранешните македонски репрезентативци Лестер Бо мекејлеб и Ричард Хендрикс, а кој во групната фаза играше против македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Во Минхен екипата на Баерн ја пречекува Уникаха, а во последниот меч ќе играат Валенсија – Химки Москва.

Четвртфиналната фаза се игра во два добиени меча. Така, реванш дуелите ќе се играат веќе на 3 март (петок), а евентуалните мајсторки на програмата би биле на 8 март.

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски