Специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска најави дека за предметот „Труст“ во текот на денот ќе побараат притвор за две физички лица, од вкупно осомничените три физички и три правни лица.
Таа на прашање одговори дека проширувањето на предметот „Титаник“ со 17 нови лица, од кои сите се високи функционери на власта се работи за нови дејствија и нови кривични дела-злоупотреба на средства за изборна кампања, повреда на избирачко право, злоупотреба на службена положба и овластување, злосторничко здружување.
Ристоска најави и дека СЈО води истрага и дека ќе покрене постапка за случувањата во Охрид за спречување на испитувањето на донаторите.
– Во Охрид имавме непријатна ситуација испративме покани преку МВР, и тие покани требаше да се достават на сведоците. Сепак дел од поканите не беа доставени, без испратени 185 покани од кои само 130 беа доставени. Кога се земаа искази имавме ситуациија кога бевме известени дека е најавен протест.
Сите сведоци не се повикани поради тоа што е некој член на некоја партија, туку ги повикававме затоа што се поврзани со други околности, Беше побаран состанок од двајца претставници на политичка партија, и на тој состанок како јавни обвинители бевме јас и уште една колешка. Од тие лица кои дојдоа ни беа упатени извесни закани, ни беше доставен и список дека знаат кого сме се сповикале, па со голед дека неповикани лица го имаа списокот од тајна истражна постапка, во скора иднина ќе следат сознанија кој се вршел притисоци и како завршиле списоците таму каде што не требало да завршат, рече Ристоска.
За „Сопот“ и „Монструм“, Ристоска кажа дека е проблем што не е донесен законот за заштитени сведоци како и дека се уште очекуваат одговор од Советот на јавни обвинители.
Ристоска на прашањето дали со театралност на прес конференциите се сака да се влијае на јавноста дека некој навистина е виновен, одговори дека начинот на презентацијае транспарентен, а кој како ги доживува настапите е само личнаперцепција.
– Нашата цел е да ја кренеме свеста дека секој може да одговара, целта е борба против криминалот и доследно почитување на правото, како и тоа и дека сите се еднакви пред Уставот и законите, рече таа.
– Немаме официјано соопштено зошто се обративме до МПМ и што баравме таму, предистражна постапка е, не можеме да кажеме дали е самата медиумска куќа, дали за друга постапка за финасиско работење, доколку не дојдеме до ниво за предистражно сомневање нема да кажеме што беше предмет на истражување, појасни Ристоска за влегувањето на СЈО во МПМ.