Специјалната јавна обвинителка најави нова истрага под името „Труст“, но и проширување на предметот „Титаник“ за уште 17 функционери на власта.
– За првиот предмет „Титаник“ ве извесутувам дека во оваа фаза е проширен за 17 лица и за повеќе кривични дела, има и финасиски импликации. Се должи на тоа што по прислушувањето на материјалите видовме дека има повеќе лица кои се инволвирани во во овие кривични дела, а се утврди 17 лица кои делувале како организатори и се функционери на власта. Основаното сомневање призлегува од поголем дел материјални докази, рече Јанева.
Јанева најави дека СЈО ќе покрене постапки за сите кои ја отежнуваат и бојкотираат работатата на обвинителството.
– Одредени функционери не ја почитуваат институцијата и законот и затоа ќе се спротивсавиме за непочитувањето. Нашиот пристап секогаш бил професионален, па иако сакаме да спроведеме професионална соработка, тоа со некои не се случи, рече таа.