Анте Назор тренерот на МЗТ Скопје Аеродром не го криеше незадоволството од одностот и пристапот на неговите играчи на мечот со Игокеас кој аеродромци го загубија, а по што дополнително ја искомпликуваа ситуацијата за опстанокот во АБА лигата.
Хрватскиот стручњак ја потенцира неодговорноста во играта на неговата екипа, што придонесе за новиот неуспех во оваа АБА конкуренција.
– Игокеа заслужено победи. Факт е дека повеќе се бореа од нас, додека ние покажавме неодговорност. Недозволиво е вака да се игра. Ја превземам одговорноста за поразот. Навивачите и менаџментот на клубот не заслужуваат да гледаат ваков меч. Без борбеност и одговорност. Не смееме вака да се однесуваме. Остануваат уште два натпревари до крај и верувам дека ќе успееме да обезбедиме опстанок во лигат’, изјави Назор по шеснаесеттиот пораз на МЗТ Скопје сезонава во АБА конкуренцијата.