(ВИДЕО) Демонстранти: Нема да дозволиме Заев да биде премиер, ќе влеземе во Собрание насилно ако треба

Од:

Демонстрантите кои денеска протестираа пред Влада велат дека нема да дозволат Заев да формира Влада. Тие побараа Ѓорге Иванов да не биде мек и да не го дава мандатот на лидерот на СДСМ.

– Дојдени сме да ја одбраниме државата од еден од Муртино што дошол тука. Нема да му дозволимена Заев никогаш да формира Влада во Македонија. Јас го гарантирам тоа, ќе бидам најголемиот противник и најголемиот борец против него. Тој нека си оди од Македонија, само така ќе ја спаси Македонија и себеси. Не му дозволуваме да влезе во Влада. Кај се наоѓате вие, рече еден од демонстрантите.

Според нив, не можело во Европа да има десет држави „шиптарски“ и не требало во Македонија да се зборува албански јазик.

– Претседателот да не биде мекан и да не дозволува странски цијаши да му даваат наредби кога и кому ќе додели мандат. Тој е мекушец. На кој начин собрал 67 потписи, со поткуп од Соросови пари? Нема да биде премиер, ќе влеземе во Собрание насилно. Нема да дозволиме аболициран криминалец да ја води државичкава. Ова може да биде Калифорнија. Заев ги поткопал темелите на Македонија со тоа што сакал да го промени името, албанска валута, двојазичност. На телевизија видовме албанска валута дека ќе има. Академците ги нема никаде, интелектуалците се водечка класа, нашите спијат и ги чуваат столиците. Ниеден не излезе на телевизија, рече една од демонстрантките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски