Еден од лидерите на талибанското движење во авганистанската провинција Кундуз бил ликвидиран вчера во напад со дрон, изјави гувернерот на провинцијата, јави ТАСС.
Според податоци од разузнавањето дронот извршил вчера напад врз засолниште на талибанците, при што е убиен нивниот лидер во Кундуз, мула Абдул Салам и двајца негови соработници, додаде гувернерот.
Претставници на движењето не ја коментирале информацијата.