Фатени 15 мигранти во возило на автопатот Гевгелија-Скопје

Од:

При контрола на патничко возило на автопатот Гевгелија-Скопје во близина на село Удово, вчера полицијата открила група од 15 мигранти, меѓу кои седум лица и едно дете од Ирак, пет лица и едно дете од Сирија и едно лице од Пакистан.

Како што информира МВР, вчера во 07:20 часот полициски службеници на автопатот Гевгелија–Скопје во близина на месноста викана .„Авлак“ забележале возило „крајслер“ со велешки регистарски ознаки, со повеќе лица, кое со голема брзина се движело во правец на Скопје.

Полицијата го запрела возилото во близина на Удово, кај месноста викана „Блок 400“, при што возачот побегнал, а при преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки се од товарно возило „хундаи Н-100“, кои на 31 јануари годинава година биле пријавени за украдени.

Во возилото биле затекнати 15 лица-мигранти, кои се приведени во Полициска станица за Граничен премин Богородица и по разговор од страна на полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи-Југ деташирани во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка