Во Прилеп почнаа карневалските свечености „Прочка 2017“

Од:

Со научната конференција за карневалите на Балканот и со детскиот карневал на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, во Прилеп почнаа карневалските свечености „Прочка 2017“.

Во Хотелот „Кристал Палас“ денеска етнолози од Србија, Бугарија и од Македонија, учесници на првата научна конференции што ја организираа Институтот за старословенска култура и прилепската локална самоуправа, работеа на темата „Обреди и фестивали под маски на Балканот: традиција, состојба, тенденција“.

Според Жељко Бељац од Српската академија на науките од Белград има многу карневали кои ја одржале традицијата.

– Успешно со сите обичаи и традиција во Србија се одржуваат повеќе карневали, некои туеристички поатрактивни од другите. Во поселдинте 10 години можеби се модернизираат маските, но сепак се задржува долгата традиција од 200 и 300 години, вели Бељац.

За Марјан Борисова од Бугарската академија на науките карневалите во Бугарија се развивале.

– Има неколку видови карневали и маскирања, но сите во основа имаат обичаи за славење на пролеттта, за будењето на природата, за бркање на духовите. Маскирањето е живо, останува како силна традиција и следи своја насока, вели Борисова.

Влатко Караџоски од Институтот за старословенска култура од Прилеп смета дека има сличности меѓу балканските карневали, но и секој има свои карактеристични осопбености.

– Целта на конференцијата е да покажеме какви се состојбите со маскирањето и фестивалите под маска на Балканот кои претежно се јавуваат на крајот на зимскиот период. Има сличности во обичаите, обредите и маскирањето но има и разлики, посебни за секој крај, вели Караџоски.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески рече дека карневалот во Прилеп е одраз на голема традиција, но и манифестација која привлекува туристи.

– Горди сме што по 16-ти пат се одржува меѓународниот карневал, а веќе еве и прв пат се одржа и научна конференција со што може да се споредат традициите но и да се зацврсти соработката на овој план меѓу земјите на Балканот, рече Ристески.

Нагласи дека од лани е започната нова традиција, така што денеска се одржува детскиот, а утре е дефилето на маските од земјава и странство.

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ денеска дефилираа околу 500 маскирани ученици со 20-ина групни маски покажувајќи ја фантацзијата и трудољубивоста да се изработат и да се покажат маските.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ нагласи дека веќе пристигнаа гостите од Италија, Бугарија и од Србија.

– Утре, на дефилето на плоштадот „Методија Андонов Ченто ќе дефилираат околу 1000 маскирани од Прилеп, од Македонија и од Србија, Албанија и Бугарија. Имаме и туристи гости од Италија и Бугарија што посебно не радува и потврдува дека меѓународниот карневал „Прочка“ се развива, вели Георгиев.

Георгиев најавува дека здружението „Прочкари“ вредно со месеци работи на посебна нова групна маска која посетителите утре ќе ја видат на карневалското дефиле. Стручно жири утре ќе ги прогласи и најуспешните и надобри маски на Карневалот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп