Албанија ја заврши успешно тригодишната програма за соработката со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и може да ја добие последната транша од околу 73,2 милиони евра по завршниот преглед на спроведувањето на програмата, јави ТАСС.
Програмата за Албанија беше одобрена во февруари 2014 година, а вкупната сума на кредитот, што и беше даден на Тирана, достигна 377,3 милиони евра.
Прес-службата на ММФ соопшти дека Албанија ги постигнала поставените цели – да се коригираат големите економски дисбаланси и да се забрза економскиот раст.