Во последните три месеци од минатата година се склучени 2.922 бракови во Македонија и во споредба со последното тримесечје од 2015 година бележат намалување од 15,4 проценти.
Во истиот квартал од 2016 година, според статистичките податоци разведени се 720 бракови и бројот е зголемен за 7,9 проценти во однос на тој период од 2015 година.