Традиционален унгарски колач, фин и ароматичен …
Потребно е:
за тестото:
500 гр брашно
20 гр свеж квасец
3 јајца
1 лажиче сол
100 гр шеќер
80 гр путер
200 мл кисела павлака
за валкање на топчињата:
80 гр путер
100 гр крупно сецкани ореви
100 гр кафеав шеќер
2 лажичиња цимет
10 мл рум
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги јајцата, шеќерот, солта, растопениот путер, рум и киселата павлака.
– Брашното ставете го во еден подлабок сад и додадете ја горната смеса и издробениот квасец. Замесете глатко тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го да нарасне. потоа уште еднаш премесете го и повторно оставете го да нарасне.
– Додека одмара тестото направете ја смесата за валкање на топчињата. Грубо исецкајте ги оревите и додадете ги шеќерот и циметот. Растопете го путерот.
– Земете округол калап со дијаметар од 24 см и обложете го со хартија за печење.
– Кинете од тестото и со раце обликувајте топчиња со големина на орев.
– Топчињата увалкајте ги во растопениот путер, а потоа во машавината од ореви, шеќер и цимет.
– Топчињата редете ги во калапот, едно до друго. Кога ќе завршите со првиот ред почнете да ги редите и во вториот ред.
– Ако ви остане од путерот прелијте го над топчињата.
– Покријте го колачот и оставете да се одмори додека да се загрее рерната. Рерната вклучете ја на 180 целзиусови степени. Ставете го да се пече во загреаната рерна 30 минути.
– Оставете го да се излади и потоа кинете ги топчињата и послужете.