ВМРО-ДПМНЕ: Ќе застанеме во одбрана на државните и национални интереси

Од:

„СДСМ е дувло и синоним за криминалот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на неговата партија го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

Сега се гледа зошто СДСМ ги практикувало криминалните шеми и во изборни циклуси.

Сега се гледа зошто во Куманово и во Струмица, СДСМ на криминален начин купуваше гласови и ги фалсификуваше изборите. Слични ситуации полицијата регистрираше и во источна Македонија.

Сега се гледа дека не постојат фантомски гласачи во Македонија и зошто аболицираниот Зоран Заев ја пласираше и оваа манипулација.

Целта на сите лаги, манипулации и изборни криминали на Зоран Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија.

Тоа не смее и нема да се дозволи. Органите на прогонот не смее да подлегнуваат на притисоците на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој мора да одговара за криминалот што го направил.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово.

Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. СДСМ ја нема поддршката од народот и покрај валканите и криминални обиди да купува гласови.

На криминалот мора да му се стави крај. Не смее да се дозволи и натаму на криминален начин СДСМ и партнерите да се обидуваат да ја оспоруваат и фалсификуваат волјата на народот.

ВМРО-ДПМНЕ најодлучно ќе застане во одбрана на државните и национални интереси. Обезбедувањето да се почитува волјата на мнозинството македонски граѓани за нас е обврска и нема ние од тоа да отстапиме“, изјави Зоран Илиоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот