Вучиќ: Барањето на БиХ за ревизија на пресудата ги враќа односите 25 години наназад

Од:

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска, по повод поднесеното барање на Босна и Херцеговина за ревизија на пресудата за геноцид против Србија, дека со овој акт „односите на двете земји се вратени 25 години наназад, како и дека нема доверба и помирување“.

– Ако сакате да покренете тужба, која е јасно дека не можете да ја добиете, а имате 1,2 милиони Срби во БиХ кои нема да се согласат со тоа, покажува колку се длабоки, суштински и темелни нашите проблеми, нагласи Вучиќ по состанокот што заедно со српскиот претседател Томислав Николиќ, го одржа со претставницие на Србите во Босна и Херцеговина Милорад Додик и Младен Иваниќ.

Тој повеќепати повтори дека „виталните интереси на Србија и Република Српска, а треба да бидат и на БиХ, се зачувувањето на мирот и стабилноста“, истакнувајќи дека целта на Србија е да го зачува мирот, да одговори на тужбата, тужбата да вроди плод, да го заштити својот народ и да проба да најде заеднички механизми за подобри односи“.

– Србија секогаш ќе го почитува интегритетот на БиХ, како и интегритетот на Република Српска, а наша примарна цел, по сите големи цели, што се покажа дека било наша еднострана желба, е довербата и помирувањето. Немаме право да дозволиме понижување на Србија и нема да дозволиме понижување на Србија, нагласи Вучиќ.

Српскиот премиер наведе дека Србија „нема да преземе ништо што значи колапс за БиХ“.

Зборувајќи за „лицемерието на меѓународната заедница“, тој потосети дека Србите се прогласени за „вознемирувачки фактор“ по референдумот за Денот на Република Српска, за што потенцира дека „Србија не била воодушевена“.

– Денес, кога се случуваат многу страшни работи, тие нас не смируваат. Не сме ние деца. Покажете исти стандарди кон Србите како што покажувате кон другите. Ништо не можете да решите кога станува збор за интересите на Србите. Понекогаш се трудите, а мирот и стабилноста ќе ги сочуваме и ќе гарантираме безбедност. Граѓаните нека бидат мирни, бидејќи нема да загрозиме никој во Босна и Херцеговина. Сакаме мир, а не судири со соседите, заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски