Во дебарско за бесплатна бања и туристички викенд аплицирале 240 пензионери

Од:

Пензионерите од општините Дебар и Центар Жупа покажале голем интерес за користење на бесплатна бањско климатска рекерација, но помалку се заинтресирани за бесплатен туристички викенд.

Како што информираат од Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, од вкупниот број барања само околу четири отсто се за тристички викенд.

– Пензионерите од општините Дебар и Центар Жупа се чини повеќе сакаат да одат на бесплатна бања отколку на туристички викенд. На повикот од страна на Министерството за труд и социјална политика, барања доставија 240 пензионери, но од нив само осуммина за бесплатен туристички викенд, изјави Бардул Баланца, референт во дебарската Подрачна единица.

Поволностите од овој владин проект досега ги исползувале над 360 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.

– Најголемиот број од нив или 340 биле на бесплатна бањско климатска рекреација, проект кој се спроведува од 2010 година, додека бесплатниот туристички викенд, како дел од владиниот проект, во изминатите две години, го искористиле 44 пензионери од двете општини, додаде тој.

Во двете општини има над две илјади пензионери, од нив над 400 во општина Центар Жупа.

Бесплатната бања пензионерите ќе ја користат во пролет и на есен, а изборот во која бања ќе престојуваат пензионерите останува на нив, но главно нивниот избор паѓа на Дебарски Бањи -Цапа.

Пензионерите пак што ќе остварат право на бесплатен туристички викенд тоа ќе го користат во некој од хотелите на брегот на Охридско или Преспанско Езеро.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион