Полицијата го доби најпозитивниот извештај во изминатите 10 години од ОБСЕ

Од:

Македонската полиција го доби шестиот најпозитивен извештај во изминатите 10 години, што го изработува ОБСЕ на секои две години, кој покажува голем напредок постигнат по повеќе прашања од 2010 година наваму, покажуваат резултатите од денеска промовираното двегодишно „Истражување за полициското работење во заедницата”, реализирано од страна на ОБСЕ.

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната презентација, во присуство на заменикот амбасадор на ОБСЕ Наталија Дрозд, нагласи дека најголемо признание за стработеното, но и огромен поттик за во иднина е довербата на граѓаните во полицијата. Имено, анкетата направена со 2.600 граѓани по случаен избор и 500 полициски службеници во текот на летото, покажува дека речиси две третини од испитаниците и веруваат и ја почитуваат полицијата во нивните средини, што е над европскиот просек од 42 проценти од граѓаните кои и веруваат на полицијата.

Според Јанкулоска, огромен мотив за напредок е и мислењето на над 80 проценти од граѓаните кои сметаат дека полицијата може да даде поддршка секогаш кога треба. Во тој контекст, истакна, го сфаќаме и ставот на граѓаните по однос на стручноста и професионалноста на полицијата, која во позитивна насока е зголемен за 4, односно 6 проценти. Рекордни 57 проценти од граѓаните сметаат дека е задоволителна соработката на полицијата и граѓаните, за разлика од 2002 и 2004 година кога со ова тврдење се согласувале 24 односно 27 проценти.

– Се уште постои голема разлика во перцепцијата на полициското работење од страна на различните етнички групи, но охрабрува податокот дека од 6 до 10 проценти за овие години, е зголемен бројот на граѓани кои сметаат дека полицијата се однесува фер и еднакво кон сите, рече министерката за внатрешни работи.

Сообраќајот е најголем проблем, покажуваат резултатите од истражувањето, иако генерално процентот кај сите проблеми кои ги загрижуваат граѓаните е во опаѓање.

– Тоа што не може да не утеши е фактот дека и натаму е висок процентот на граѓаните кои се согласуваат со тврдењето дека во полицијата постои корупција. Иако тој е на најниско ниво од 2004 година, не може да не остави рамнодушни фактот дека приближно 60 проценти од граѓаните се согласуваат со ваквото тврдење, рече Јанкулоска.

Истражувањето покажува и дека граѓаните не се доволно запозанени и нема никаков напредок околу работењето на локалните совети за превенција.

Никола Спасов од Агенцијата „Рејтинг“ кој го презентираше истражувањето укажа дека во просек постои подобрување од 8 проценти по сите индикатори во однос задоволството на граѓаните од работата на полицијата, како што се колку полициските службеници се однесуваат пријателски кон луѓето, односот со медиумите, за јавниот ред и мир…

– Како проблеми остануваат непочитувањето на сообраќајните правила, продавањето и злоупотребата на дрога и животните скитници, подвлече во презентацијата на истражувањето меѓу другото НИкола Спасов од Агенцијата „Рејтинг“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски