Лиснато тесто полнето со фино маринирано пилешко месо и кашкавал …
Потребно е:
250 гр лиснато тесто
400 гр пилешко бело месо исечено на филети
100-150 гр тенко исечени парчиња кашкавал
1/2 лажиче мелена црвена пиперка
на врв на нож лута мелена црвена пиперка
2 лажици маслиново масло
1/2 лажиче суво оригано
сол, бибер
Подготовка:
– Пилешките филете истенчете ги со дрвен чук. Премачкајте ги со маслиново масло, посолете, посипете со бибер и мелена црвена пиперка (слатка и лута) и со оригано.
– Истенчете го со сукало лиснатото тесто и на него наредете го пилешкото месо и парчињата кашкавал. Замотајте го како ролат.
– Ролатот од тесто со остар нож исечете го на парчиња со дебелина колку еден прст.
– Парчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути или додека да добијат убава златно-румена боја.
– Сервирајте ги топли.