Традиционално кинеско јадење …
Потребно е:
500-600 гр пилешко бело месо
сол
за смесата за похување:
120 гр брашно
2-3 прстофата сол
1/2 кесичка прашок за пециво
2 лажичиња нишесте
1 јајце
околу 150 мл вода
за слатко-киселиот сос:
1 мала конзерва ананас (околу 400 гр)
100 мл кечап
2 лажици оцет
сок од 1 лимон
околу 200 мл млака вода
2 лажици нишесте
4 лажици кафеав шеќер
на врв на нож ѓумбир во прав
на врв на нож лук во прав
Подготовка:
– Прво подгответе го слатко-киселиот сос. Во еден сад сипете го сокот од ананас од конзервата. Во млака вода разматете го нишестето и додадете го во сокот. Додадете ги сите преостанати состојки за сосот и ставете го садот на рингла да се вари, на тивко со постојано мешање додека да се згусне сосот, околу 10 минути. Пред карај додадете го ананасот исецкан на коцки и варете уште неколу минути.
– Измешајте ги сите состојки за смесата за похување да биде како за палачинки, но малку погусто.
– Пилешкото месо исечете го на ленти и посолете ги.
– Ставете масло во подлабок сад на рингла и загрејте го.
– Парчињата месо потопете ги во смесата и промешајте ги.
– Земајте од месото од смесата и ставете ги во врелото масло и пржете ги од сите страни додека да добијат златна боја.
– Послужете ги со сварен ориз.