Може да ги послужите како прилог или да ги јадете со јогурт …
Потребно е:
1 брокула
40-50 гр овесни снегулки, сомелени
40 гр пармезан, ситно изрендан
50 мл јогурт
2 рамни лажичиња мелен сув зачин
3 јајца
1 чешне лук, ситно сецкано
масло, за пржење
Подготовка:
– Брокулата исчистете ја и убаво измијте ја. Поделете ја на помали цветчиња и ставете ги во сад со ладна вода.
– Додадете 1 рамно лажиче мелен сув зачин и ставете да се вари. Кога ќе почне да врие варете уште 5 минути. Исцедете ги од водата и испасирајте ги.
– Додадете ги пармезанот, 1 рамно лажиче мелен сув зачин, јогурт, изматените јајца, сомелените овесни снегулки, лукот и убаво измешајте.
– Со влажни раце земајте од смесата и обликувајте ги како плескавици.
– Пржете ги во врело масло, од двете страни додека да добијат убава златно-румена боја.