ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ веќе две ипол години ја држи Македонија во заложништво

Од:

„СДСМ ја продолжува кризата во државата, а со тоа го оневозможува реализирањето на проектите содржани во програмата „Реално“ за кои што гласаа мнозинството граѓани во Република Македонија.

СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти кои што се во интерес на граѓаните.

Еден од проектите кој требаше да отпочне во 2017-тата година е проектот „За рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“.

Со овој проект треба да се реши статусот на повеќе од 320 компании чии
имоти пропаднаа во транзицијата создадена и спроведена од СДСМ.

Преку законските измени кои што се предвидуваа треба да им се овозможи на идните купувачи на имотот од друштвата да ги рестартираат и да ги стават во функција за вршење на стопанска дејност.

За овој процес предвидено е да се понуди државна помош со цел креирање на што е можно повеќе работни места, со акцент на ангажирање на поранешни вработени – стечајци.

За креирање на секое работно место предвидено е државна помош од 2.000 евра, а за ангажирање на стечајни работници 4.000 евра под услов да се задржат на работа минимум 5 години. Дополнително пакетот мерки, предвидува и готовински грант во изност од 10% од инвестираната вредност за адаптација, реконструкција и набавка на опрема.

Исто така се предвидува ослободување на плаќање данок на добивка во рок од 2 години, а персонален данок и социјални придонеси во рок од 3 години доколу вработените лица ги задржи најмалку уште 3 години.

Со овој проект и низата други бенефиции кои инвеститорите во стопанските капацитети – жртви на транзицијата ќе ги добиваат ќе овозможат да се исправи една социјална и историска неправда која што над 200.000 работници ја доживееја во време на владеењето на СДСМ.

СДСМ веќе две ипол години ја држи Македонија во заложништво, а со тоа ги кочи процесите за стопански и економски развој на државата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и покрај бројните опструкции да работи во интерес на македонските работници и македонското стопанство, а со тоа да придонесува во унапредувањето на стандардот на граѓаните, но пред се во намалувањето на невработеноста.

Благодарение на досегашните позитивни економски политики, стапката на невработеност од катастрофалните 39% во време на СДСМ, се намали на рекордно ниски 23,4%. Односно се отворија над 170.000 нови работни места. ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го реализира“, изјави Лука Кржалоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска