Фудбалерите на Пелистер одиграа нерешено 0:0 на гостувањето во Тетово против Ренова во еден од двата попладневни натпрeвари од последното, 18. коло во Првата македонска лига.
Вториот денешен дуел од оваа рунда се одигра во Скопје меѓу домашниот Работнички и Брегалница од Штип. Победа забележа екипата на Работнички со 3:1.
Утре на распоредот се другите четири средби со кои ќе биде затворена првата полуетапа.
Последнопласираниот на табелата Тетекс и Шкендија го играат тетовското дерби, Вардар есенската титула ќе има можност да ја потврди потив Силекс, а Хоризонт Турново ќе се обиде да остане во чекор со лидерот Вардар.