Лимон кокос кнедли

Од:

Кокосовото брашно им дава слаткост на овие кнедли, одични се и за дијабетичари …

Потребно е:
200 гр свежо кравјо сирење
1 јајце
1 лажица семки од чија
3 лажици кокосово брашно
1 лажица брашно од ориз
изрендана кора од 1 лимон

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги сирењето, јајцето, изренданата кора од лимон и чија семките. Оставете да стои 10-тина минути за да набабрат чија семките.

– Додадете ги двата вида брашно, измешајте со лажица и повторно оставете уште малку да стои. Тестото ќе биде доста меко.

– Со две лажици обликувајте ги кнедлите и ставете ги да се варат многу кратко, само неколку минути во вода што врие.

– Сервирајте ги со прелив по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска