ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е дувло и синоним за криминалот

Од:

„СДСМ е дувло и синоним за криминалот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

СДСМ е водена од аболициран криминалец и врши континуиран притисок врз судството. Македонија еднаш виде како изгледа кога СДСМ во еден ден менува 617 судии и обвинители со такви по свој терк.

Граѓаните еднаш видоа како СДСМ владее и како сака во потполност да го окупира судството.

Јавноста со свои очи виде и како експонентот на СДСМ во правосудството СЈО си ги штити своите пулени. Јанева го ослободи Верушевски, го аболицираше по втор пат Заев и спроведува отворена хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ. Судиите мора да го задржат професионалниот кредибилитет и интегритет и да судат по закон без разлика на заканите за нивно разрешување ако не се покорат на волјата на Заев.

Поради ваквите криминални уцени на СДСМ граѓаните го поразија десетти пат по ред и не му ја дадоа својата поддршка, и покрај обидите на СДСМ на криминален начин да купува гласови и да ја фалсификува демократијата во Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со реизборот на судии.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски