Прв дигитален регистар на туристички водичи во Македонија

Од:

Да се изградат стандарди и да се создадат услови за препознавање на професијата туристички водич како можност за самовработување, но исклучиво преку инвестирање во себе и квалитетно едуцирање, беше речено на денешната промоција на првиот дигитален регистар на квалификувани туристички водичи во Македонија.

Туристичките водичи, оценија нивни претставници, се амбасадори, окото, прозорецот преку кој странските туристи ја доживуваат земјата. Од нив зависи како некој ќе ја доживее дестинацијата и со какви впечатоци ќе замине. Но, водичите се воедно и најранливата категорија во туристичката индустрија, мора да се работи на подигнување на нивното достоинство.

Според последните истражувања, околу 65 отсто од впечатоците на турите се директен резултат на квалитетот на туристичкиот водич.

– Мора да се заштити автентичната презентација на културното наследство, историјата,…, како и младите луѓе кои учат за водичи, да вложат во себе и да најдат простор за самовработување, нагласи Бранко Босилков од Асоцијацијата на туристички водичи.

Во Македонија има 790 лиценцирани туристички водичи, но сите не се занимаваат активно со оваа дејност. – Оваа бројка е, сепак, добар потенцијал за изградба на квалитетна водичка служба. Ги покриваме речиси сите европски јазици, а недостиг имаме од јапонски и кинески водичи, но и тоа е прашање на време и можности, истакна Босилков и дополни дека Асоцијацијата изготви амбициозен проект за едукација на водичи од дефицитарни јазици.

Се предлагаат и измени на Законот за туризам кој ги регулира условите под кои туристичките водичи ја вршат својата работа.

– Лиценцата треба да се продолжува преку проверка на знењето и на она што се кажува пред туристите. Голема одговорност е како водичите ќе ја претстават Македонија. Вложувано е многу во контрола на нивниот квалитет, како и во проекти за обука на кадри во рурални средини, информира Босилков.

Во Скопје и Охрид, додаде, има инспекции за спречување на нелојалната конкуренција, односно за санкционирање на водичите без лиценца. Во тек е подоготвка на вакви служби и во Битола.

– Една од најранливите алки во туристичката индустрија се токму туристичките водичи. Од друга страна, водичите се една од најважните алки во вредносниот синџир на туризмот кој има сериозно влијание врз доживувањата на туристите. Од водичите зависи како туристот ќе доживее и со какви впечатоци ќе замине од одредена дестинација, подвлече Елена Иванова, менаџер на секторот туризам во швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) која го поддржа изготвувањето на регистарот.

Одговорајќи на новинарски прашања, Босилков рече дека сите најави за годинава од аспект на туризмот се оптимистички.

– Имаме голем број најави на странски тур-оператори. Очекуваме 2017-та да биде една од подобрите години и дојдовниот туризам да продолжи со растот. Исто така, се надеваме на стабилна година и од политички аспект, нагласи Босилков.

Промоцијата на првиот дигитален регистар на квалификувани туристички водичи во Македонија беше по повод Светскиот ден на турстичките водичи. Регистарот ги обединува сите водичи, вклучувајќи ги и водичите во планина., а има за цел нивно вмрежување, поврзување на водичите со туристичките агенции, како и подигнување на достинството на професијата. Главната мисија, пак, на Асоцијацијата на туристички водичи, формирана во 2008 година, е креирање кадри и потенцијали кои, како што потенцира Босилков, ќе одговорат на потребите на туристичката индустрија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ