ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски кога за прв пат се осмели да изгради градинка, тој ја изгради фушерајски

Од:

„Андреј Жерновски и кога за прв пат во својот мандат се осмели да изгради градинка, тој ја изгради фушерајски.

Градинката која чини 2 милиони евра, замислете дури 2 милиони евра, уште веднаш почна да покажува знаци на неквалитет.

Плочникот во дворот веќе е целосно руиниран и уништен. Автомобили поминуваат и се паркираат врз него секој ден. Се полни со вода и при најмал дожд.

Мрзливиот и алчен Жерновски, народните пари ги расфрла без мера. Неквалитетни боемски улици од 1.2 милиони евра, скапи тамбураши, скапи диџеи кои не настапуваат, неквалитетна реализација во градинка, огромна сума на пари за училиште кое не е изградено.

Ова е начинот на работа на мрзливиот и алчен Андреј Жерновски. Да се занимаваше барем малку со потребите на центарци, немаше општина Центар да биде со најмалку капитални проекти од сите општини“, изјави Илија Илијовски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?