Брзи и многу вкусни …
Потребно е:
4 јајца
200 гр рендан кашкавал
200 гр сирење
50 гр кајмак
50 гр пченкарно брашно
1,5 лажиче сол
1 прашок за пециво
Подготовка:
– Изматете ги јајцата со солта и додадете ги и останатите состојки. Матете додека да добиете хомогена смеса.
– Со лажица вадете од смесата, обликувајте топчиња и ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Со лажицата малку притиснете ги топчињата.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути, додека да добијат убава златно-жолта боја.