Додека уште имате од домашниот ајвар …
Потребно е:
1 пакување готови кори за гибаница (9 кори)
500 гр мелено месо
350 гр ајвар
4 јајца
200 гр кисела павлака
1 главица кромид
2 чешниња лук
масло
мелен сув зачин
сол, бибер
Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и испржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете со пржењето.
– Кога ќе се испржи месото додадете го ситно сецканиот лук и зачинете со сол, мелен сув зачин и малку бибер.
– Тргнете ја тавата на страна и додадете го ајварот. Убаво измешајте.
– Тавата од рерна убаво намастете ја и доле ставете 3 кори. Секоја кора испрскајте ја со малку масло.
– На третата кора ставете 1/2 од филот со месо и ајвар.
– Ставете повторно уште три кори и потоа остатокот од филот. На крај завршете со преостанатите три кори.
– И последната кора испрскајте ја со масло и на повеќе места избодете ја со вилушка. Исечете ја питата на коцки.
– Во еден сад изматете ги јајцата со киселата павлака. Со оваа смеса прелијте ја питата.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.
– Послужете ја со кисела павлака.