„По големиот интерес од медимите за тоа дали Движење БЕСА ќе учествува или не на состанокот кој ќе се одржи во Скопје, ја известуваме јавноста дека не гледаме никаква обврска да учествуваме во состаноци кои не се во духот на Заедничката Декларација на Албанските Парти во Македонија, за нас ова е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија.
Движењето БЕСА стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја присвоја Декларацијата, сепак Движењето БЕСА ќе продолжи да ја поддржува Декларацијата и кога овие точки ќе дојдат во Собранието на Република Македонија, нашите пратеници ќе ги поддржат истите“ соопштуваат од Движењето БЕСА.