Обединети за фудбалот: Дали Ѓоргиоски зема 4.000 евра плата? Собранието на ФФМ во сабота е нелегално

Од:

Претставници на „Обединети за фудбалот“ и Општинскиот фудбалски сојуз Тетово на прес конференција предупредија дека Собранието на ФФМ кое е закажано во сабота е нелегално.

Ова го соопшти Мирсад Јонуз, чија кандидатура за претседател на претстојните фудбалски избори, легално поднесена од ОФС Тетово, беше одбиена од Управниот одбор на ФФМ, предводен од единствениот кандидат за претседател Илчо Ѓорѓиоски.

Речиси сите учесници на пресот, на кој имаше и претставници од ОФС Битола и ОФС Штип, беа едногласни дека Собранието на ФФМ во сабота е тотално нерегуларно како последица на кршењето на Статутот на ФФМ, како и на статутите на општинските фудбалски сојузи. Оттаму, на претстојното Собрание најмалку 25 делегати се нелегални, а најмалку 13, според Статутот, регуларни делегати нема да учествуваат.

-Целта е да се задржи на власт актуелната гарнитура, и покрај катастрофална состојба на македонскиот фудбал. Факти што зборуваат во прилог на ова теза не е само 165. место на репрезентацијата на ФИФА ранг-листата, паѓањето на рејтингот на најпопуларниот спорт дури на третото место при рангирањето на спортовите во државата според посетеноста, туку и сместувањето на фудбалот во Македонија во врвот на листата на корупција. Според реномираната агенција „Спортрадар“, која се занимава со корупцијата во фудбалот и наместените натпревари, Македонија е во првите десет земји.

И покрај нашите укажувања во изминатата повеќе од една година, и натаму е присутен непотизмот во ФФМ, и тоа на уште повулгарен начин – сега веќе се вработуваат и злоупотребуваат и членови на најтесното семејство на Ѓорѓиоски. Покрај старата болка – партиските вработувања на сметка на отказите на искусни и докажани професионалци, ФФМ се уште не дава отчет за финансиското работење.

Бројни прашања останаа неодговерени, меѓу кои и за (не)уплатените средства во висина од околу 400.000 евра за три одиграни натпревара на А-репезентацијата. Се бега како од црн ѓавол на клубовите да им се дозволи сами да решаваат за својата судбина преку неформирање на здруженија на Прва и Втора лига и создавање на структури во ОФС на штета на клубовите, кои се оштетени и со неуплаќањето на средствата од УЕФА, што им се наменети ним.

Ѓорѓиоски, кој и самиот е нелегитимно дојден на власт, се исплаши од противкандидати на Изборното собрание, па ги прогласи сите одлуки на легитимниот ОФС Тетово за правно неважечки, со цел да нема ниту збор критика против него в сабота. ФФМ активно учествуваше во прекршување на регулативата, фудбалска и законска, во случајот со одржаното регуларно Собрание на ОФС Тетово, и не само на ОФС Тетово, туку и на ОФС Кисела Вода, Битола, Штип, Неготино….Во претходните наши соопштенија за јавност објавивме многу други прекршувања на актите, за кои им стоиме на располагање на сите заинтересирани да им приложиме докази, кои се веќе испратени во ФИФА и УЕФА, како и до Етичкиот комитет.

Не се спорни успесите на младата репрезентација како најголем успех на една фудбалска селекција од Македонија, но се заборава да се спомне и придонесот на луѓето кои активно учествуваа во создавањето на оваа селекција. Исто така, и Суперкупот ќе беше мислена именка (иако во овој период УЕФА вакви организации им дава на фудбалски земји во развој), но се заборава дека без ваква Телеком Арена како основен предуслов немаше да го добиеме и Суперкупот. Тоа не е успех на Ѓорѓиоски, туку на сите даночни обврзници на Македонија од чии пари е изграден стадионот.

Ѓорѓиоски повторно ќе има шанса да одговори на овие и на прашањата што му ги поставивме пред претходното Собрание, а на кои не одговори. Одговори само едно – дека зема плата од 4.000 евра, преседан во досегашното владеење со македонскиот фудбал.

Фудбалот не треба да го водат сиромашни по дух и по пари. Фудбалот е страст на милиони вљубеници. Одговорноста да се менаџира со него е голема, а таква способност нема секој. Ѓорѓиоски најмалку, реагираат од Обединети за фудбалот.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија