Германскиот ланец на супермаркети Лидл се шири и во САД

Од:

Германскиот ланец на супермаркети Лидл ова лето ќе ги отвори своите први продажни места во САД, а до крајот на годината планирано е да отворат повеќе од 100 маркети.

Лидл, кои се познати по тоа што продаваат артикли по поволни цени, веќе има повеќе од 10.000 маркети во 27 европски зејми, а сега веќе се селат и во САД, каде што првите продажни места ќе ги отворат во Вирџинија и Северна и Јужна Каролина.

„Трговците се подготвуваат за влегувањето на Лидл на пазарот, ова е сериозно размрдување“ изјави Милос Рајба од компанијата ИГД, која што се занимава со анализа на трговскиот сектор.

Германската формула за дисконтни цени не е новост во САД, бидејќи Алди својот прв маркет во Америка го има отворено уште во 1976. година, а веќе има околу 1.600.

Меѓутоа Лилд се претпоставува дека е поголема опасност за тамошните ланци на маркети, бидејќи во последните неколку години се оддалечија од стандардната формула на попусти. Веќе започнаа со воведување на брендови, свежи производи, пекари, подобро средување на маркетите и експериментираат и со интернет продажба.

Тоа би можело да ги привлече купувачите во САД, кои повеќе преферираат брендирана роба.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел