Пристигнати 723 барања за надомест за купени и вградени прозорци

Од:

До Министерството за економија заклучно со денеска до 15 часот пристигнати се 723 барања за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата по јавниот повик објавен на 31 јануари годинава на веб-страницата на Министерството за економија и во дневните весници „Дневник“ и „Коха“.

За оваа намена во буџетот на Министерството за економија за 2017 година обезбедени се 20 милиони денари, а доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен“, сѐ до искористување на средствата.

– Доколку сите баратели, кои поднеле комплетна документација, го остварат право на надомест во максималниот износ од 500 евра, со обезбедените средства ќе бидат субвенционирани најмалку 635 домаќинства, велат од Министерството за економија и додаваат дека очекуваат да се поддржат околу 700 домаќинства, имајќи предвид дека можеби сите нема да го искористат максималниот износ на субвенцијата.

Со стимулативната мерка се надоместуваат дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 500 евра во денарска противредност по домаќинство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи