Додовски: Ќе ги поддржиме инвестициските програми за три ЈП на Град Скопје

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје најави дека на денешната седница ќе ги поддржи предложените инвестициони програми на јавните претпријатија за 2017-та година со кои се предвидува опремување на јавните претпријатија.

– На денешната седница ќе бидат предложени инвестициони програми на три јавни претпријатија во кои се предвидени инвестиции во набавка на механизација, опрема, возила и други важни инвестиции во износ од над 212 милиони денари или околу 3,5 милиони евра, изјави Марјан Додовски, советник во Град Скопје.

Тој посочи дека за ЈП „Паркови и зеленило“ се предвидува набавка на нова опрема во висина од над 20 милиони денари, а за потребите на ЈП „Улици и патишта“ 25 милиони денари за возила и механизација и и 30 милиони денари за изградба на нови простории за секторот механизација. За ЈП „Комунална хигиена“ се планира набавка на нова механизација и возила за што ќе бидат одвоени околу 72 милиони денари, за набавка на дополнителна опрема околу 20 милиони денари и 45 милиони денари за реализација на проекти како постапување со отпадот, поставување на подземни контејнери, рециклажа и собирање на кабаст отпад.

Додовски потсети дека на минатата седница на Советот на Град Скопје биле усвоени инвестициските програми на јавните претпријатија „Градски паркинг“, „Водовод и канализација“ и ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он