Ѓорѓиоски избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски доби нова функција во еден од најзначајните комитети кои функционираат во рамките на ФИФА, Организацискиот комитет за сите натпреварувања во рамките на Светската фудбалска организација.

Ѓорѓиоски е избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА натпреварувањата за период од јануари 2017 година до јануари 2021 година. Претседател на ова тело во следните четири години ќе биде претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Како што информираат од ФИФА, изборот на Илчо Ѓорѓиоски во ова тело, како и на останатите членови, следи по направени ригорозни контроли од страна на ФИФА, УЕФА и истражните органи за интегритетот на личноста.

Согласно прецизно утврдените одговорности, овој Комитет во следниот четиригодишен период ќе биде задолжен за организација на Светските првенства во фудбал за сениори, ФИФА Купот на конфедерациите, Олимпискиот фудбалски турнир во 2020 година во Токио, Светското првенство за играчи до 20 години, Светското првенство за жени, Светското првенство за играчи до 17 години, Светското првенство во футсал, Светското првенство за фудбалерки до 20 и до 17 години, и Светското ФИФА клупско натпреварување.

Меѓу другото овој Комитет ќе биде задолжен и за подготовка на проекти и предлози за активирање на нови натпреварувања во рамките на ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ

Човек без средно образование ја победи ФИФА: Му го украдоа изумот, на дофат 37 милиони евра отштета

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна