Израдувајте ги вашите дечиња …
Потребно е:
900 гр пире од компири
300 гр остро брашно
1 јајце
малку сол
1/2 прашок за пециво
лебни трошки
Потребно е:
– Прво направете го пирето од компири. Компирите исецкајте ги на коцки и ставете ги да се варат во солена вода. Потоа исцедете ги, испасирајте ги додадете путер или маргарин и малку млеко или слатка павлака. убаво измешајте и оставете убаво да се излади.
– Додадете ги брашното, јајцето, прашокот за пециво и солта и заместе тесто.
– На хартија за печење рамномерно истурете ги лебните трошки. И на нив обликувајте валјаци од тестото (види слика).
– Исечете ги на парчиња и увалкајте ги малку во лебните трошки.
– Крокетите испржете ги во повеќе врело масло од сите страни и послужете ги топли.