Стотици пожарникари и десетици авиони учествуваат во гаснењето на огромниот пожар што го зафати третиот по големина новозеландски град Крајстчрч, каде е објавена вонредна состојба.
Пожарот се раширил во текот на ноќта и зафати над 1.800 хектари.
Над 1.000 лица се евакуирани, а 11 куќи изгореа.
Новозеладнскиот премиер Бил Инглиш го откажа сите ангажмани и пристигна во Крајстчрч.
Инглиш истакна дека може да помине цела недела додека да биде изгаснат пожарот, но дека засега не се шири.
Тој посочи дека причината за пожарот се уште не е јасна и дека властите го истражуваат случајот.
– Огнот пламнал истовремено на две места, поради што имаме одредени сомневања, нагласи Инглиш.
Во Нов Зеланд се прогнозираат силни ветрови, поради што може да се разгорат пламените.