(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Велески се уште живее во 2005-та година

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп одговорија на прес конференцијата на Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ Прилеп во која што тој ги обвини локалните власти дека потрошиле околу 200 милиони евра, а не оствариле ниту еден проект.

„Едноставно се прашуваме дали овие луѓе кои се појавуваатна прес-конференции на сдсм живеат во Прилеп? Токму заради нивната несериозност и нереалност, желбата по 10 изборни циклуси Прилеп да го вратат во минатото сеуште живее! Само овие поединци сакаат Прилеп да биде најзабатален град во РМ, како до 2005 година кога Велески беше млад функционер. Но колку повеќе ги гледаат граѓаните нивните ликови на ТВ толку поголема ќе биде разликата на следните локални избори. Следниот пат кога ќе излезат на прес ги замолуваме да кажат што нивната криминална банда направи за Прилеп?

Мислевме дека Велески ќе се усрами од тоа што тој и неговите сопратијци го сторија, па никогаш нема да си дозволи ни да застане пред општината која ја уништија а камоли да одржува пресс конференции.

Г-дине Велески, Во ова што го зборувате не веруваат ни вашите вработени во Микрон тек.

Сумата од 200 милиони се пари од блок дотации, пари за плати…

И чудно е ова Вие да не го знаете! Оваа сума која ја спомнувате, доколку ја имаше општина Прилеп ќе беше најбогатата општина во Европа.

А каков ефект имаат пресовите на Сашо Велески покажуваат поразите што ги има доживеано како политичар досега. Вкупно десет во сите форми и обиди.

Најдобро беше бидејќи немате ниеден проект реализиран во вашата кариера, пресот да го одржите пред АД Микрон бидејќи на тој терен сте најдобри, а во политиката – вечен губитник!“

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела