Насловна страница за Македонија во престижниот чешки магазин „Лајк“

Од:

Со наслов „Македонија – убавина скриена во приказните“, земјава се најде на насловната страница на престижниот магазин за туризам во Чешка „Like“ („Лајк“).

Опишувајќи ја како земја на еден од најстарите европски народи полна со културни и историски знаменитости, магазинот „Лајк“ препорачува да се одвои време за посета на уникатната сценографија креирана од природата. Преку симпатичен дескриптивен текст, магазинот со наративност која инволвира историски податоци, прави мала тура низ земјава опишувајќи го секој туристички потенцијал кој го има, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Низ текстот покрај Скопје како главен град, магазинот одвојува две страници за презентација на убавините и на Скопје и Охрид. „Приказни кои не се раскажани, убавина која не е видена“ е реченицата со која го опишува чувството за Охрид, кој е под двојна заштита на УНЕСКО.

– Опкружен со национални паркови, градот – музеј денес е едно од најатрактивните места за туристи, пишува „Лајк“ и додава дека „Охридското езеро е суперлатив на природниот феномен, дом на бројни ендемски видови на флора и фауна кое е од тектонска природа“.

Од Агенцијата за промоција на туризмот на РМ истакнуваат дека воедно најголемиот и најстар чешки тур – оператор Чедок ја вклучи Македонија во своите каталози во 2017-та година.

„Лајк“ магазинот е едно од туристичките изданија на тур операторот Чедок, кадешто се промовираат нови, предлог дестинации, за 2017-та година. Овој каталог и магазин се дистрибуира на сите туристички агенции кои се партнери на тур – операторот Чедок, како и пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ