Пет лица загинаа во денешниот самоубиствен напад врз комплексот владини згради во североисточен Пакистан.
Нападот се случи во Галанаи во племенскиот регион Мохманд. Одговорноста за нападот ја презеде талибанската група Џамат-ул-Ахрар.
– Еден од напаѓачите пристигнал пешки и отворил оган врз безбедносните сили, додека друг со мопед удри во главната капија на комплексот, изјави Хамидулах Катак, претставник на локалната администрација.
Напаѓачот кој пристигна пеш е убиен, додека тој на мопедот успеал да го активира експлозивот што гоо имал на себе, при што загинаа петмина.
Меѓу загинатите тројца се полицајци, а двајца случајни минувачи.
Полицијата соопшти дека трет бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот за време на рацијата во тој регион.