Вонредна состојба денеска е прогласена во градот Крајстчерч, Нов Зеланд, откако пожар ги уништи домовите во предградието на градот и принуди стотици луѓе да се евакуираат.
Армијата е повикана да помогне во гаснење на пожарот во квартот Порт Хилс во јужниот дел на Крајстчерч, каде огнот уништи најмалку седум куќи и принуди околу 300 луѓе да ги напуштат домовите.
Еден пожарникар загина откако се урна хеликоптер што учествуваше во гаснење на пожарот.