ВИДЕО: Холандскиот амбасадор очекува отчетна и одговорна Влада со поддршка за СЈО

Од:

Европската Унија се надева на нова реформска Влада која ќе се фокусира на отчетноста и одговорноста, како и поддршка на Специјалното јавно обвинителство, рече амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп.

– Ќе го повторам тоа што го кажа комесарот Јоханес Хан како претставник на ЕУ, а тоа е дека нема време за губење. Зависи од политичарите во Македонија да одлучат за иднината на нивната земја. Ние како ЕУ се надеваме дека ќе има реформски ориентирана Влада и која ќе биде целосно фокусирана на спроведување на реформите, особено на реформите во областа на владеењето на правото и во другите области кои се битни за вашата земја, рече Пломп.

Тој истакна дека Холандија е долгорочен поддржувач на Македонија и на Владата кога станува збор за процесот и сите реформи кои се потребни за членувањето во ЕУ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма