Пилешко со зачини и сос од печурки

Од:

Потребно е:
850 гр пилешко месо (3 копани и 3 надкопани)
сол
3 лажици маслиново масло
1 лажица путер
2 поголеми главици црвен кромид
1 чешне лук
300 гр шампињони
1/2 лажиче провансалска мешавина од зачини
1/2 лажиче црвена мелена пиперка
30 мл бело вино
1/2 коцка за супа од кокошка
1/2 лажиче мелен црн бибер
1 лажица ситно сецкан магдонос
1 лажиче брашно
50-100 мл павлака за готвење, по вкус

Подготовка:
– Во поширока тава загрејте ги маслото и путерот.

– Месото посолете го од сите страни и испржете го во тавата од сите страни да добие убава златно-жолта боја. Извадете го на чинија и поклопете го.

– Во тавата на истата маснотија пропржете го ситно сецканиот кромид. По извесно време додадете го и ситно сецканото лукче.

– Кога ке замириса лукот додадете ги шампињоните исецкани на листови. Динстајте додека да испари целата течност што ќе ја пуштат печурките.

– Додадете ги зачините, малку измешајте и сипете го белото вино. Кога ќе испари алкохолот, сипете ја врелата вода и додадете ја коцката за супа.

– Вратете го месото во тавата, поклопете ја и динстајте на тивко околу 40 минути.

– на крај додадете го брашното разматено со малку вода, бибер, по потреба сол и павлака за готвење. Динстајте уште 2 минути.

– Посипете со ситно сецкан магдонос и сервирајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска