ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветува нешто што веќе функционира

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ со кое најави проекти за поддршка на спортот во образованието оценува дека СДСМ нема потреба да нуди и ветува нешто што функционира веќе години наназад.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во време на владеење на СДСМ грижата кон учениците и нивниот правилен раст и развој преку поддршка на училишниот спорт и кон другите категории граѓани, била незадоволителна и затоа таа партија имала порази во 10 последователни изборни циклуси. Состојбите, стои во реакцијата, се смениле значително во 2006-та година, кога Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ почнала да спроведува сеопфатна стратегија за поддршка на училишниот спорт и за правилно насочување на учениците.

Во изминатите неколку години, наведува ВМРО-ДПМНЕ, Владата изгради 98 училишни спортски сали во многу општини дури и во места каде што претходно не постоело ниту земјено игралиште, а изградени се и бројни мултифункционални спортски игралишта, тениски терени, фудбалски и игралишта за баскет. СДСМ, своевремено не успеа да изгради ниту еден објект од ваков тип, така што вредност на нивните инвестиции во оваа област е рамна на нула, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека во изминатиот период е зголемен бројот на часовите по физичко образование и спортски активности, од 2 на 3 часа неделно, како и дека со законската можност за регистрација на училишни спортски клубови многу основни и средни училишта имаат активни регистрирани клубови по повеќе спортови и во нив се вклучени повеќе од 30.000 ученици. Го наведува и проектот „Спортски игри“ што се реализира од 2010 преку организирање општински, регионални и државни спортски натпревари за учениците од основното и средното образование и за организирање училишен спортски камп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација