Навремена исплата на субвенциите и поединечна промоција во странство, бараат тур-оператори

Од:

Поедноставување на документите за субвенции, нивна доследна евалуација и навремена исплата, бара Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Здружението смета и дека на саемските манифестации во странство, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), освен што ја презентира државата генерално, треба да организира и поединечни, директни претставувања на домашните тур-оператори.

– Досегашната политика за поддршка на туризмот дава резултати од аспект на растот на вкупниот број туристи, посебно на странските, но треба да се работи уште многу во секторот, зашто голем е просторот за унапредување и развој, истакна Даниела Михајловска Василевска од Комората денеска на прес-конференција.

Според Асим Меџедовиќ од Здружението, за поголема и поактивна промоција на Македонија, при учеството на светските саеми за туризам на нашите штандови треба да бидат вклучени и авто-камповите со дизајн и материјали, а ХОТАМ и Здружението да бидат застапени со најмалку една третина од закупениот простор.

– Авто-камповите се голем потенцијал за развој на туризмот, но ние воопшто не ги промовираме. На саемите за нив нема никакви информации, маркетингот е слаб, истакна Меџедовиќ.

Најатрактивни за туристите се уште се Скопје, Охрид и Струга иако земјава, додаде, може да понуди многу и во транзитниот туризам.

– Одамна зборуваме дека акцент треба да се стави и на зимскиот туризам, но за тоа мора да имаме инфраструктура: патишта, хотели, скилифти кои работат. Голем неискористен потенцијал се и планинарските домови кои може да бидат фактор за развој на туризмот преку целата година. Но, прво треба да се мапираат, реновираат и да се направи прстап до нив, посочи Меџедовиќ.

Здружението иницира потпишување меморандум за соработка со АППТ преку кој, напомена Меџедовиќ, ќе се дефинираат условите и активностите за поддршка со цел зголемување на девизниот ефект и поголемо учество на туризмот и угостителството во домашната економија.

Статистиката покажува дека Македонија ја заокружи 2016 година со околу пет отсто раст на туризмот. Над 70 отсто од туристите престојуваат во хотелите.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ