Гугл Хром ќе поддржува WebVR со што виртуелната реалност доаѓа директно во пребарувачот. Овој проект е помогнат и од Мозила, Мајкрософт и Фејсбук.
Планот на Гугл е да ги спои веб просторот и виртуелната реалност. Нивната последна верзија на пребарувачот Хром ја поддржува тешнологијата WebVR која што овозможува креирање на веб страници кои би можеле да бидат прелистувани во виртуелна реалност.
Оваа технологија е планирано да овозможи креирање на содржини во виртуелна реалност кои ќе може да функционираат на повеќе конзоли за ВР.
WebVR е развиен од Гугл во соработка со Мозила, тимот на Фејсбук кој што стои позади Окулус како и Мајкрософт.